Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски се соочува со проблеми во играчкиот кадар пред дуелот со Ерменија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Покрај Пандев, Димитриевски, Адеми и Алиоски, Ангеловски нема да може да смета и на Николов и Спировски поради жолти картони, а веројатно ќе недостасува и Елмас кој се пожалил на болки во бутниот мускул.
Поради тоа, Ангеловски беше принуден да повика нови играчи пред дуелот со Ерминија. Повик во репрезентацијата добија Дарко Мицевски од Вардар, Томе Китановски од Македонија ЃП и Душко Трајчевски од Докса (Кипар).
Тројцата играчи прво ќе бидат тестирани за Ковид-19 пред да се приклучат на репрезентацијата.
Натпреварот Ерменија – Македонија се игра во среда со почеток во 18.00 часот.