Дома Фудбал Навивачи на семафори го провоцирале Дембеле: Одличен играч си…ама на ФИФА

Навивачи на семафори го провоцирале Дембеле: Одличен играч си…ама на ФИФА

Францускиот фудбалер Осман Дембеле конечно е спремен за игра и докажување дека не е промашување за Барселон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналд Куман и тоа како смета на неговите услуги, а Дембеле изгледа како да влегува во добра форма. Франзуцинот во досегашниот дел од сезоната одигра осум натпревари и постигна три гола, додаде и една асистенција.

Познато е дека Дембеле пред три години беше платен 140 милиони евра и јавноста го критикува дека не ги оправдал очекувањата. Од доаѓањето во Барселона го мачат повредите, но оваа сезона сака конечно да се докаже.

Интересна ситуација со Дембеле се случи после вчерашниот тренинг. При враќањето дома тој застанал на семафор и во тој момент до него се појавиле навивачи кои го снимале со мобилните и го исмејуваа.

„Постигна одличен гол. Можеби беше случајно, но беше одличен“, му довикувал еден од навивачите, а друг додал: „Феномален играч си…ама на ФИФА“.

Се шпекулираше дека Дембеле не знаел шпански меѓутоа од неговиот поглед на фотографиите може да се заклучи дека добро ги разбира што му зборуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ го посочи Јамал како најдобар пример: „Тоа е вистината што никој не сака да ја признае“.

Златан Ибрахимовиќ даде забележлива изјава за современиот фудбал, овој пат по натпреварот …