Дома Фудбал Градежна компанија поради работа на фасадата на зградата во Ла Масија ја носи Барса во банкрот?

Градежна компанија поради работа на фасадата на зградата во Ла Масија ја носи Барса во банкрот?

Градежната компанија Muro Cortina Modular Renting започна процес поради кој Барселона мора да прогласи банкрот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Компанијата сака да наплати три ипол милиони евра долг од Барселона поради работа на фасадата на клубската академија Ла Масија и сега пред каталонските судови си ги бара претходно заработените пари.

Договорот со Барселона е потпишан уште кон крајот на 2010. година додека претседател на клубот беше Сандро Росел, а крајниот рок за исплата бил до 30. јуни 2018. година. Еден судски процес помеѓу компанијата и Барселона е веќе завршен.

Претходно Барселона го доби спорот откако докажа дека компанијата направила прекршок во договорот, поради што оваа компанија мораше да и плати на Каталонците 900.000 евра, но сега според пишувањето на Марка, следува нова судска борба помеѓу двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо: Новица и Богдан купиле автомобил и поминаа 5.800 километри во 24 дена за го гледаат Партизан (Фото)

Поради долгиот пат до Казахастан експедицијата на Партизан реши да тргне два дена порано з…