Дома Фудбал Англија Официјално: Жиру стави потпис на нов договор!

Официјално: Жиру стави потпис на нов договор!

Францускиот напаѓач Оливие Жиру денес стави потпис на нов договор и ќе остане во Челзи уште една сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Жиру пред една и пол годинина пристигна на „Стенфорд Бриџ“ од Арсенал. Неговиот договор истекуваше ова лето, но клубот реши да му понуди договор на уште една година.

„Многу сум среќен што потпишав нов договор. Навистина сакав да останам уште една година, се чувствувам дел од тимот, од фамилијате уште од самиот почеток и се надевам дека ќе помогнам да освоиме уште трофеи“, изјави Жиру.

Французинот до сега има 62 настапи за Челзи на кои постигна 17 голови, а сигурно ќе биде од голема важност и следната сезона бидејќи „сините“ нема да можат да бидат активни на трансфер пазарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Столе чуда прави во Шпанија, со маестрална одбрана ја спаси Валенсија! (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски продолжува со одличните настапи во …