Германскиот стратег, Берн Шустер кој голем дел од својата фудбалска и тренерска кариера ја помина во Шпанија даде свој коментар за „црвената фирија“.
Поранешниот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид смета дека најголем проблем за националниот тим е што селекторот Фернандо Јеро всушност не е тренер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Има два големи проблеми во шпанската репрезентација. Првиот е фактот што Јеро не е тренер и го нема потребното искуство. Да бидеш тренер не е исто како да бидеш фудбалер. Треба да имаш јасен план и да носиш одлуки. Да, тој не е виновен за ваквата ситуација, но тоа е факт“, изјави Шустер.
„Лопатеги ја составуваше групата на фудбалери и тој работеше со тимот. Јеро не знае каков е планот, какви промени може да направи, што може да се случи“, додаде Германецот.