Дома Фудбал Англија Челзи мора во Лигата на шампионите, во спротивно…

Челзи мора во Лигата на шампионите, во спротивно…

chelsea

„Сините“ влегуваат во завршницата од сезоната, Конте наводно преговара со ПСЖ, а зад себе би можел да остави вистински пустош…

Челзи се опоравува од поразот против Барселона, само ФА купот остана како единствена можност за трофеј, но ова натпреварување нема да влијае на иднината на Конте и со трофеј неговото останување не е сигурно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу поважно е клубот да заврши помеѓу првите четири екипи, односно да се избори за пласман во Лигата на шампионите, во спротивно би можело да следува вистински хаос и заминување на најдобрите.

Конте преговара со ПСЖ, Челзи секако е лут поради тоа, но и тие сами го убедуваат Луис Енрике да пристигне во Лондон, алтернатива е Анчелоти.

Сепак, доколку не обезбедат место во Лигата на шампионите би можеле да се соочат со низа проблеми.

Во ваков случај први на листата за заминување се Азар и Куртоа, двајцата репрезентативци на Белгија гледаат кон Шпанија. Азар не го продолжил договорот иако понудата е пред него веќе неколку недели, „сините“ стравуваат дека ќе ја одбие. Има договор до 2020 година, но доколку Челзи не биде помеѓу најдобрите четири ќе направи се за да замине од клубот.

Кога во прашање е Куртоа, тој не крие дека сака во Реал, неговото семејство е во Мадрид. Има договор до 2019 година и доколку не го продолжи скоро сигурно ќе биде продаден.

Покрај заминувањата, навивачите стравуваат дека без Лигата на шампионите клубот не би бил атрактивна дестинација за големи играчи.

Поради сето ова едно е јасно – Челзи мора во Лигата на шампионите, во спротивно…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се појави анализа со гол-технологијата: Барселона била оштетена во „Ел Класико“! 🎥

На социјалните мрежи беше објавена анализа со гол-технологијата за спорниот момент во „Ел …