Откако пред неколку дена Ралф Шумахер објави дека е геј, се огласи седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон.
Хамилтон, кој во минатото носеше симбол на виножитото на својата кацига како поддршка на ЛГБТ заедницата, смета дека признанието на Шумахер е позитивно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Досега имам слушнато само позитивни работи од луѓето и мислам дека тоа е поради времето во кое живееме и промените во општеството“, изјави Хамилтон во пресрет на трката за Големата награда на Унгарија.
„Тој дефинитивно не се чувствуваше пријатно да зборува за својата хомосексуалност претходно, но ова покажува дека сме во време кога конечно можеме да го направиме овој чекор и да не се плашиме. Мораме да продолжиме да се бориме за да се осигураме дека сите се чувствуваат прифатени и добредојдени. , но сите мораме да бидеме горди на напредокот што го правиме“, рече Хамилтон.
Британецот не е единствениот Формула 1 возач кој отворено зазеде став, бидејќи тимскиот колега Џорџ Расел исто така носеше кацига со виножито во јуни 2022 година, додека Себастијан Фетел беше виден како носи патики во такви бои.
Да потсетиме, Хамилтон пред две недели ја стигна до првата победа во Формула 1 шампионатот по 5 декември 2021 година, кога славеше во Саудиска Арабија. Британецот беше најбрз на познатата патека Силверстоун.
Lewis Hamilton led support from #F1 drivers for Ralf Schumacher after he came out on social media, but called upon the sport to do more to make the LGBTQA+ community comfortable 🏳🌈 https://t.co/AeB92meaYC pic.twitter.com/dEcupR0NMH
— Mirror F1 (@MirrorF1) July 19, 2024