Луис Хаилтон пред неколку дена славеше во трката за Големата награда на Турција и по седми пат стана првак во Формула 1.
Хамилтон со тоа го изедначи рекордот на легендарниот Михаел Шумахер кој исто така има седум титули светски првак.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многумина веќе со години го оспоруваат успехот на Хамилтон тврдејќи дека тој нема вистинска конкуренција, односно дека Мерцедес е далеку пред сите.
Но, се чини дека на Хамилтон му здосадило да ги слуша таквите тврдења и одлучи конечно да се огради на таа тема.
„Ова беше тешка трка во која возачот не зависи само од болидот. Тука беше уште еден возач кој вози ист болид како јас, а видите дека не постигнува резултати како моите. Имаме ист болид и веројатно и тој треба да биде како мене, но тоа е доказ дека не е се до болидот.“ – порача Хамилтон.