Дома Останати Тенис „Федерер има уште само една прилика да освои Гренд Слем“

„Федерер има уште само една прилика да освои Гренд Слем“

Роџер Федерер има само уште една шанса да освои Гренд Слем, според поранешниот австриски тенисер Пат Кеш.

Да потсетиме, Федерер на Австралија Опен загуби од Ѓоковиќ во полуфиналето со 3:0 и на тој начин остана на 20 Гренд Слем титули.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Надал моментално има 19, а Ѓоковиќ 17, па во продолжение ќе биде многу возбудливо. Кеш смета дека Федерер има уште една прилика да дојде до 21. Гренд Слем и тоа на Вимблдон.

„Федерер има шанса, веројатно само уште една, да освои Гренд Слем и тоа е Вимблдон. Мислам дека тој сè уште е меѓу најдобрите играчи на трева“, изјави Австриецот за Би-Би-Си.

Кога станува збор за Кеш, тој освои само еден Гренд Слем во текот на неговата кариера, токму на Вимблдон во 1987 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ нема конкуренција – овие бројки ја покажуваат доминацијата на Србинот!

Новак Ѓоковиќ во последниве години доминира со светскиот тенис. Србинот од 2020 година па …