
Младиот хрватски тенисер Дино Прижмиќ (20) приреди вистинско изненадување откако го победи светската тениска звезда Новак Ѓоковиќ во Рим со резултат 2:1, во сетови 2:6, 6:2 и 6:4.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Веднаш по завршувањето на мечот во Рим, Ѓоковиќ пристапи до мрежата за да го поздрави Прижмиќ и му упати зборови кои младиот тенисер ќе ги запамети засекогаш.
“Браво брате,” му рече Ѓоковиќ на хрватскиот тенисер по што се испочитуваа срдачно.
Инаку, Прижмиќ е првиот хрватски играч во историјата кој го победил Ѓоковиќ на земјена подлога, што едноставно кажува за големината на овој успех. Исто така, тој стана најнизок рангиран тенисер кој го елиминирал Ѓоковиќ на турнир на земјена подлога од времето на Мартин Клизан во 2018 година.
Во второто коло, Прижмиќ ќе се соочи со Французинот Уго Умбер кој во два сета го победи Чехот Вит Коприва.
Qué momento para Dino Prizmic.
— Germán R. Abril (@gerebit0) May 8, 2026
Gana remontando a su ídolo Novak Djokovic en Roma.
El croata ya dejó buenas sensaciones en el @MutuaMadridOpen. pic.twitter.com/gwsphqsxu2