Дома Фудбал Алонсо испрати прва порака како тренер на Челси!

Алонсо испрати прва порака како тренер на Челси!

Чаби Алонсо е официјално новиот тренер на Челси, потврди лондонскиот клуб во саботата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот стручњак доаѓа на Стамфорд Бриџ после одличната работа што ја направи во Германија со Баер Леверкузен, како и после кусата епизода во Реал Мадрид.

Сега нов предизвик го чека во Англија, а со Челси потпиша четиригодишен договор.

Алонсо не можеше да ги скрие емоциите по потврдата на соработката, истакнувајќи дека му претставува огромна чест да стане тренер на еден од најголемите клубови во светот.

„Челси е еден од најголемите клубови во светскиот фудбал и чувствувам огромна гордост што станувам тренер на овој голем клуб“, рече Алонсо.

Тој додаде дека веќе за време на првите разговори со сопствениците и спортскиот сектор, почувствувал дека сите споделуваат исти амбиции.

„Од разговорите со сопственичката група и спортското раководство, јасно е дека споделуваме иста амбиција.

Сакаме да изградиме тим што континуирано ќе се натпреварува на највисоко ниво и ќе се бори за трофеи“, порача новиот тренер на Сините.

Алонсо верува дека во тековниот состав постои голем потенцијал, но нагласува дека фокусот веднаш ќе биде на работата и создавањето победнички менталитет.

„Во екипата постои голем талент и голем потенцијал. Ќе биде голема чест за мене да го предводам овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Бернардо Силва е нов фудбалер на Реал Мадрид!

Реал Мадрид го објави потпишувањето на Бернардо Силва, кој се приклучува на клубот со дого…