Дома Фудбал Гризман со солзи се прости од Атлетико: Простете, Барселона беше грешка

Гризман со солзи се прости од Атлетико: Простете, Барселона беше грешка

ФРАНЦУСКИОТ фудбалер Антоан Гризман ја одигра својата последна средба за Атлетико Мадрид пред домашната публика. Со победата од 1:0 против Жирона, се прости од клубот кому му ги даде најдобрите години и натпреварувања. Гризман наполни 35 години и од летово ќе игра за американскиот тим Орландо Сити. Во солзи, Гризман им се обрати на своите навивачи на Ванда Метрополитано.

“Имав подготвен говор, но се изгуби чувството. Ви благодарам што останавте на стадионот, ова е неверојатно. Свесен сум дека некои од вас уште не ми простиле што заминав во Барселона. Бев млад и направив грешка. Не знаев колку сум ви важен. Сакам да им се заблагодарам на сите, од физиотерапевтите до економите, тренерите, соиграчите, навивачите…

Многу ви должам, како и на мојата сопруга која секогаш беше моја поддршка. Не ви донесов титула од Лигата на шампионите, но љубовта што ми ја покажавте е поголема од тоа. Сега е крај. Татковци, мајки, стрикови, тетки, донесете ги вашите деца тука да научат дека Атлетико е најдобар на светот. Ви благодарам”, рече емотивниот Французин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА прави историски потег: Една од најважните натпревари ќе се игра далеку од Европа

Суперкупот на Европа во 2028 година ќе се одигра во Нур-Султан, Казахстан, со што престижн…