
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски ја одигра својата последна средба пред навивачите на Барселона на Камп Ноу, во претпоследното коло на шпанската Ла Лига. Барселона го совлада Бетис со 3:1. Рафиња постигна два гола за победничката екипа, додека Жоао Кансело постигна еден. За Бетис, Иско беше точен од белата точка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Барселона веќе го обезбеди шампионскиот наслов за оваа сезона, а потврдено е и заминувањето на Левандовски. Со истекот на неговиот договор ќе стане слободен играч. Тој играше против Бетис до 85. минута, кога тренерот Ханси Флик го замени. Громогласен аплауз се разнесе низ трибините на стадионот во Барселона, а Левандовски не можеше да ги сокрие емоциите. Во солзи се прегрна со соиграчите додека чекореше кон клупата.
Роберт Левандовски ја почувствуваше целата емоција додека го напушташе теренот на Spotify Camp Nou за последен пат ❤️ pic.twitter.com/OA4mgpdRAz
— ESPN FC (@ESPNFC) 17 мај 2026
Полскиот 37-годишен напаѓач пристигна во Каталонија во 2022 година од Баерн за 45 милиони евра. Остави значителен печат. Постигна 190 гола во 192 настапи. Освои три титули во Примера, еден Кралски куп и три Суперкупа. Во својата прва сезона во Барселона беше најдобриот стрелец во шпанската Ла Лига со 23 гола.