Дома Фудбал Во Сити заработува милиони, а вчера ја шокираше јавноста кога видоа каков телефон носи

Во Сити заработува милиони, а вчера ја шокираше јавноста кога видоа каков телефон носи

Манчестер Сити во финалето на ФА Купот кое се играше на Вембли успеа да го победи Челси со минимални 1:0, а херој беше Антоан Семењо.

По завршувањето на натпреварот настана голема прослава на играчите и навивачите на Манчестер Сити, а во центарот на вниманието особено беше Рајан Черки.

Французинот максимално се опушти за време на славјето и дури и за време на ТВ преносот влегуваше во кадар што на некои гости не им се допадна премногу.

Исто така, Черки веднаш по завршувањето на натпреварот го зеде телефонот за да снима и фотографира прославата, а дури направи и селфи со принцот Вилијам.

Но, токму телефонот на Черки стана главна тема на социјалните мрежи.

Тој користи iPhone, но многумина се изненадија кога видоа дека телефонот му е испукан, и во коментарите порачаа дека не можат да сфатат како некој што заработува милиони може да носи мобилен што е во таква состојба.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фернандез во Сити може да оди само под еден услов

Челси размислува да го продаде аргентинскиот играч од средината, Енцо Фернандез (25), на М…