Дома Останати Тенис Толку од рекордот на Ѓоковиќ: Синер е страшен, ги руши сите граници!

Толку од рекордот на Ѓоковиќ: Синер е страшен, ги руши сите граници!

Јаник Синер без многу напор стигна до полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Светскиот рекет број еден за само 92 минути го победи Андреј Рубљов со резултат 6:2, 6:4. Ова му беше 32-та последователна победа на Мастерс турнирите, со што го симна Новак Ѓоковиќ од првото место на вечната листа. Ѓоковиќ во 2011-та година имаше серија од 31 победа на турнирите од оваа престижна серија.

Италијанецот го направи првиот брек уште во првиот гем. До крајот на сетот, порази го сервисот на Рубљов и во седмиот гем, што му донесе водство од 1:0.

Немаше голема драма и во вториот сет. Синер со два брјекови се одвои со 4:1. Рубљов успеа да направи единствен брејк во шестиот гем, но не можеше повеќе од тоа.

Во полуфиналето во главниот град на Италија, Синер ќе ги одмери силите со победникот од мечот Медведев – Ландалус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ знае да биде голем и во поразот, погледнете што му кажа на Прижмиќ по мечот (Видео)

Младиот хрватски тенисер Дино Прижмиќ (20) приреди вистинско изненадување откако го победи…