Дома Фудбал Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој славен Бразилец го дочека натпреварот со солзи, а судиите се потрудија да го памети додека е жив.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Навистина неверојатни сцени се случија во 65-тата минута од натпреварот. Помош му беше укажана на Нејмар покрај аут линијата, а покрај четвртиот судија веќе беше подготвена замена од тренерот на Сантос. А потоа се случува нешто што фудбалскиот свет досега не го видел.

Четвртиот судија помисли дека тренерот Кука го заменува Нејмар. Го крена електронскиот знак со бројот 10, и со бројот седум за да влезе Робињо Јуниор во игра.

Нејмар не го виде тоа и се обиде да се врати на теренот. Судите, се разбира, не му дозволија, и настана апсолутен хаос покрај теренот. Нејмар ја зеде и хартијата која му беше предадена на судијата за да ја изврши замената, на која пишуваше дека тој не требало да излезе од игра, туку бројот 31. Бесполезни беа протестите. Судјата веќе ја запиша замената и Нејмар мораше да излезе од теренот.

Ниту еднаш легендата на Сантос не го замислуваше крајот пред своите навивачи на овој начин. Сакаше да одигра сите 90 минути, но судијата му го расипа сето тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски добива големо богатство од Саудиска Арабија

Роберт Левандовски ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната откако двете страни не ус…