
Натпреварот од последното, 34. коло на француското првенство меѓу Нант и Тулуз беше прекинат во 22. минута откако навивачите на Нант упаднаа на теренот. Нант без никакви шанси за опстанок во Лига 1 уште пред мечот се најде во фокусот на социјалните мрежи поради овие инциденти.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
По инвазијата на теренот, главната судијка Стефани Фрапар ги испрати играчите од двете екипи кон соблекувалните. Но, домашниот тренер Вахид Халилходиќ остана блиску до теренот и се впушти во вербален конфликт со навивачите кои му се доближија. Напнатата состојба ескалираше кога Халилходиќ почна да се заканува со прст на навивачите, што доведе до интервенција на безбедносните служби кои го отстранија поранешниот тренер на Динамо од теренот.
Драматични сцени на ‘Ла Божоар’, каде ултрасите, разгневени поради испаѓањето на клубот, го нападнаа теренот, принудувајќи го натпреварот меѓу Нант и Тулуз да биде прекинат. Вахид Халилходиќ, на возраст од 74 години, стоеше цврсто пред маскираните лица. Неверојатна слика.pic.twitter.com/gpmqBsRXPH
— Лио Ашчи (@_LeoAschi_) 17 мај 2026
По неколку минути, навивачите на Нант се вратија на своите места, а на таа трибина пристигнаа и специјалните полициски сили. Професионалната фудбалска лига на Франција формираше кризен штаб заедно со надлежните органи за да одлучи дали и како ќе се продолжи натпреварот.
Властите го прогласија натпреварот за потенцијално ризичен, со зголемени мерки на безбедност. Националната агенција за борба против хулиганизмот го оцени натпреварот со 4 на скалата од 5, што значи “докажан ризик од нарушување на јавниот ред со хронични конфликти меѓу навивачите или присуство на проблематични навивачи”.