Ник Кирјос кој е во улога на коментатор на „Еуроспорт“ за време на Австралија Опен раскажа ситуација со Роџер Федерер.
Имено, Кирјос како гостин на Федерер бил во Швајцарија. Австралиецот добил покана од Роџер да му помогне во тренинг-кампот каде што сакал да вежба против добар сервер, па го избрал Кирјос.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кирјос поминал две недели во Швајцарија каде што очекува добра дружба и пријателство со Федерер, меѓутоа кога стигнал таму го дочекала сосема поинаква ситуација од она што очекувал.
„Ме покани да бидам гостин кај него и заедно да тренираме. Очекував да добијам соба во неговата вила или пак да бидам во некој квалитетен хотел. Но, ме заглави во хотел со три ѕвездички…
Интернетот беше катастрофа, од улицата надвор постојано имаше галама, не можев ниту да се одморам како што треба. На сето тоа беше само три часа во денот со мене, а потоа игнорирање…“, раскажа Кирјос.
Нешто кое што го пофали од Швајцарија беше храна и шпагетите „Болоњезе“.
Federer's one of the wealthiest athletes ever. He wanted to practice against a big server so invited Kyrgios to a training camp in Switzerland.
— Pavvy G (@pavyg) January 25, 2024
Nick thought he may stay in a room at his £8m mansion or a nice hotel, Federer stuck him in a 3 star hotel. 😂pic.twitter.com/D7MiX4hU4s