Дома Фудбал Уште две ѕвезди на Реал позитивни на коронавирус

Уште две ѕвезди на Реал позитивни на коронавирус

Реал Мадрид соопшти денес дека двајца играчи на овој тим се заразени со коронавирус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралевите“ вчера имаа тестирање на коронавирус пред натпреварот за викеднот, а резултатите покажаа дека имаа двајца новозаразени.

Шпанскиот гигант потврди дека заразени се Еден Азар и Касемиро, двајцата се веќе во изолација и немаат никакви симптоми.

Се очекува Азар и Касемиро да бидат надвор од теренот десетина дена. За Реал е добро што по овој викенд следи репрезентативна пауза па би требало да бидат спремни за мечот на 25. ноември кога Реал во Милано ќе игра против Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: ПСЖ договори уште едно засилување од 55 милиони евра, но слави и Ливерпул!

Мика Готс наскоро ќе стане нов член на Пари Сен Жермен! Како ПАМЕТНО да типувате на World …