Дома Трансфер зона Се мислеше дека трансферот е завршен: Откриено зошто Ван Де Бек не се пресели во Франција

Се мислеше дека трансферот е завршен: Откриено зошто Ван Де Бек не се пресели во Франција

Дони Ван Де Бек беше пред трансфер во француски Лориен, но на крај овој трансфер не се реализираше.

Сега „Л’Eкип“ ја открива причината зошто Ван Де Бек не се преселил во Лориен. Лориен сакал да го доведе Ван Де Бек, но проблем било неговото лошо однесување. Некаде кон средината на август фудбалерот одбил да разговара иако клубовите постигнал договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога не направил друг трансфер, агентот на Ван Де Бек го контактирал Лориен во последниот ден од преодниот рок.

Но, тогаш од Лориен не сакале да разговараат за можна соработката поради однесувањето на Ван Де Бек кој одлучил да дојде кај нив кога видел дека нема каде на друго место.

Своевремено додека беше во Ајакс Ван Де Бек важеше за голем талент, меѓутоа по пристигнувањето на „Олд Трафорд“ неговата кариера тргна во надолна линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…