Дома Трансфер зона „Савиќ беше идеален за Јувентус, Алегри многу го сакаше“

„Савиќ беше идеален за Јувентус, Алегри многу го сакаше“

Долго време српскиот фудбалер, Сергеј Милинковиќ Савиќ се поврзуваше со трансфер во најголемите европски клубови за на крајот да се пресели во Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Савиќ летово беше и блиску до Јувентус кој од почетокот на преодниот рок се обидуваше да го доведе. Поранешниот италијански тренер, Џовани Галеоне, откри дека Алегри многу сакал да го види Савиќ во Торино.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Најголема желба на Алегри беше Милинковиќ-Савиќ. На почетокот на летото пред да се пресели Савиќ во Саудиска Арабија, Макс беше свесен за потешкотиите, но и полн надеж…И според мене Савиќ беше идеален за овој Јувентус“, изјави Галеони.

Зборуваше Галеоне и дека Берарди исто така бил желба на Алегри, како и дека имал пофалби за младиот Кенан Јилдиз кој е 2005 година и потпиша договор со Јувентус до 2027.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…