Ханс Флик потврди дека Иван Перишиќ (31) нема да остане во Баерн.
„Одлучено е да не ги задржиме тие тројца играчи“, одговори кратко Флика на прашањето дали европскиот шампион ќе ги откупи Иван Перишиќ, Алваро Одраизола и Фелипе Кутињо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Кутињо и Одраизола можеби и беше очекувано, но одлуката за Перишиќ може да се каже дека е изненадување. Кутињо веќе се врати во Барселона, Одраизола ќе продолжи во Реал, а Перишиќ во Интер.
Ќе потсетиме Баерн на Интер му плати пет милиони евра за позајмица на хрватскиот играч и нема да ја искористи опцијата за откуп од 20 милиони евра.
Перишиќ изминатата сезона одигра 35 натпревари во кои постигна осум гола и додаде 10 асистенции. Меѓутоа и покрај тоа сега ќе мора да побара нов клуб бидејќи Антонио Конте не смета на него, барем такви беа најавите до овој момент.