Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека капитенот на Барселона Лионел Меси пред шест години бил блиску до Челзи (за ова повеќе тука), но и дека Аргентинецот се нашол на списокот на желби на Реал Мадрид.
Неговите информации ги потврди „Фудбал Ликс“. „Кралевите“ сакале да го доведат Меси во летото 2013 година, но Аргентинецот без многу размислување одбил да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реал на Меси му понудил договор на осум години и плата од 23 милиони евра, со таа сума во тоа време Меси ќе беше убедливо најскапиот фудбалер во светот.
Флорентино Перез му ветил дека по него ќе испрати приватен авион за преговорите да се одработат во тајност, меѓутоа пред да започнат преговорите Перез добил негативен одговор.
Меси во текот на последниот преоден рок сакаше да го напушти клубот бидејќи беше незадоволен од ситуацијата на „Камп Ноу“, но Барса не сакаше да попушти и за Меси бараше 700 милиони евра, толку колку што изнесува неговата откупна клазула. Договорот на Меси истекува на крајот од сезоната и ако работите не се променат, пред се да се промени раководството на Барса Меси ќе го напушти клубот како слободен играч.
Gianluca Di Marzio lançou um livro e noticiou que, em 2013, o Real Madrid iria fazer uma proposta astronômica por Lionel Messi. No entanto, o jogador avisou que não queria nem ouvir e nem perder o tempo. pic.twitter.com/r7znx5Ml0a
— FutebolNews (@ofutebolnews) October 15, 2020