Дома Топ вести Меси бил пред трансфер во Челзи, разговарал со Мурињо, но…

Меси бил пред трансфер во Челзи, разговарал со Мурињо, но…

Меси ова лето беше многу блиску да ја напушти Барселона, дури и побара да замине како слободен играч, но на крајот остана на „Камп Ноу“.

„Скај Италија“ сега открива дека пред шест години бил многу блиску да се пресели во Челзи, а тогаш во договорот имал откупна клаузула од 250 милиони евра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Челзи биле расположени да платат 250 милиони евра за да ја активираат тогашната откупна клаузула, а на Аргентинецот да му дадат 50 милиони фунти годишно.

Меси преку Деко имал телефонски разговор со Жозе Мурињо, кој му ветил дека преку Абрамович ќе го забрза неговиот трансфер на „Стенфорд Бриџ“.

„Како си шампионе? Ми кажаа за твојата желба. Ти знаеш колку пати не сум можел да спијам поради тебе, зашто се обидував да најдам начин како да те сопрам. Се обидував со безброј стратегии кои функционираа, сè додека ти не најдеше победнички дриблинг за да ни дадеш гол. Ти си најдобар и точка!“, му рекол Мурињо во разговорот.

Трансферот го стопирал таткото на Меси, Хорхе, кој не бил вклучен во преговорите, а за целата ситуација бил известен од Деко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дебакл за Англичаните во Европа: Во полуфиналињата останаа само со еден тим и тоа во Конференциската лига!

Mногумина ќе кажат дека Премиер лигата е најдобрата лига во светот, меѓутоа сезонава во ев…