УЕФА утрово потврди, Ерменија ќе ја пречека Македонија на Кипар во Никозија.
Македонија и Ерменија веројатно во тој дуел ќе се борат за првото место во групата во новата сезона од Лигата на Нации. Овој натпревар ќе се игра на теренот каде што домашните средби ги играат АПОЕЛ и Омонија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ерменија и Македонија ќе играат на 18 ноември во 18:00 часот. Ќе потсетиме во Скопје Македонија ја победи Ерменија со 2:1.
Секако, причината поради која Ерменија не може да игра дома е воената ситуација во оваа држава. Иста е ситуацијата и кога е Азербејџан во прашање и тие нема да бидат во можност да играат на свој терен.