Дома Фудбал Останато Најдобриот српски судија им одговори на Клоп и навивачите на Ливерпул

Најдобриот српски судија им одговори на Клоп и навивачите на Ливерпул

Еден од најдобрите судии во светот, Милорад Мажиќ во мај ја доби довербата од УЕФА да го суди финалето на Лигата на Шампионите во Киев.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот беше завршен со победа на Реал Мадрид, но долго се зборуваше за стартот на Рамос и влијанието на судијата за конечниот исход на натпреварот. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп зборуваше за тоа како судиите кои се делегирани за финале мораат да покажат повеќе храброст. Бидејќи алудираше на арбитражата на Мажиќ, најдобриот српски судија се одлучи да му одговори на Германецот.

„Ме изненади тој коментар, два месеци по финалето во ЛШ. Не се сеќавам, ниту слушнав, ниту видов видео дека Клоп нешто изјавил по тој натпревар, а тогаш можеби емоциите се најсилни, но и натрпеварот најдобро се гледа. Тука ќе застанам во коментирањето за тоа, во суштина, детали без многу значење“, изјави Мажиќ.

Ливерпул во финалето од Лигата на Шампионите беше поразен од Реал Мадрид со 3:1, а најголемата одговорност за поразот треба да ја носи голманот Кариус кој ова лето беше испратен на позајмица во Бешикташ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…