Францускиот фудбалер Осман Дембеле конечно е спремен за игра и докажување дека не е промашување за Барселон.
Роналд Куман и тоа како смета на неговите услуги, а Дембеле изгледа како да влегува во добра форма. Франзуцинот во досегашниот дел од сезоната одигра осум натпревари и постигна три гола, додаде и една асистенција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познато е дека Дембеле пред три години беше платен 140 милиони евра и јавноста го критикува дека не ги оправдал очекувањата. Од доаѓањето во Барселона го мачат повредите, но оваа сезона сака конечно да се докаже.
Интересна ситуација со Дембеле се случи после вчерашниот тренинг. При враќањето дома тој застанал на семафор и во тој момент до него се појавиле навивачи кои го снимале со мобилните и го исмејуваа.
„Постигна одличен гол. Можеби беше случајно, но беше одличен“, му довикувал еден од навивачите, а друг додал: „Феномален играч си…ама на ФИФА“.
Се шпекулираше дека Дембеле не знаел шпански меѓутоа од неговиот поглед на фотографиите може да се заклучи дека добро ги разбира што му зборуваат.