Лионел ова лето беше блиску до заминување од Барселона, но сепак одлучи да остане за да избегне судски процес со клубот во кој ја помина целата кариера.
Ќе потсетиме, Меси го извести клубот дека има намера да замине и се очекуваше да премине во Манчестер Сити, сепак на крајот остана. Неговиот договор со Барселона има важност до летото следната година и на „Камп Ноу“ се надеваат дека Меси ќе ја заврши кариерата во Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Еден од најголемите проблеми на Меси беше работењето на Хозе Марија Бартомеу, кој сега си замина и затоа Меси би можел да остане. Еден од кандидатите да го наследи е Тони Фреикс, кој даде една интересна изјава за шпанските медиуми.
Имено, тој смета дека Меси заработува премногу.
„Меси премногу заработува и ако сака да остане ќе мора да прифати намалување на платата. Ќе разговараме во четири очи и ќе се договориме што е најдобро за двете страни, но јасно е дека под сегашните услови не ќе може да остане. Приходите страшно паднаа и Меси како и сите сегашни и идни играчи ќе мора да прифати помали примања“.
„Нема ништо да криеме од Лео, ќе му објасниме што можеме да му понудиме. Нормално дека имаме желба да остане, сигурен сум дека може да одигра уште многу добри натпревари“, изјави Фреикс.