Дома Останати Авто Мото Мерцедес ја промени бојата на болидот за новата сезона

Мерцедес ја промени бојата на болидот за новата сезона

Новата сезона во Формула 1 конечно започнува на 5. јули после паузата од три месеци поради коронавирусот.

Сезоната требаше да започне на средината на март, но таа беше одложена поради пандемијата. Сепак, сега се создадени услови повеќето трки да бидат одржани, а новата сезона конечно започнува во неделата со трката за Големата награда на Австрија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред оваа трка се огласија од актуелниот првак Мерцедес кои открија дека ја промениле бојата на својот болид за новата сезона.

Имено, Мерцедес се вклучиле во борбата против расизмот и одлучиле како вид на поддршка нивните болиди во новата сезона да бидат во црна боја, а на нив да пишува „End Racism“.

Оваа идеја ја иницирал Луис Хамилтон, а од Мерцедес веднаш ја прифатиле и со тоа ја поддржаа борбата против расизмот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Ферстапен доби јасна порака од Мерцедес, сега е тој на потег!

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волфс зборуваше за потенцијалната замена за Луис Хамилтон к…