Дома Македонски спорт Маки за Ангеловски пред Ерменија: Елмас под знак прашалник, отпаднаа Николов, Спировски, Џани, Ристевски…

Маки за Ангеловски пред Ерменија: Елмас под знак прашалник, отпаднаа Николов, Спировски, Џани, Ристевски…

Македонскиот селектор Игор Ангеловски се соочува со огромни проблеми пред последниот натпревар од овој репрезентативец циклус против Ерменија на Кипар.

По денешниот натпревар останавме без комплетниот среден ред откако поради суспензии за тој дуел отпаднаа Бобан Николов и Стефан Спировски, а од друга страна Елмас се жали на повреда. Плус Езгјан Алиоски е веќе ослободен поради оток на задната ложа и сигурно нема да патува на Кипар. Проблем се појавил и со Кире Ристевски кој иако има негативен тест не смее да ја напушти изолацијата. Барди ќе потсетиме од претходно не е во конкуренција поради повреда.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Имам се помалку фудбалер. Сега и Елиф се пожали на болку во бутниот мускул, се надевам дека не е ништо сериозно ќе ги почекаме прегледите на магнетна резонанца. Алиоски отпадна, не го издржа вчерашниот тренинг има оток на задната ложа, изолацијата е проблем за Кире Ристевски“…

Дарко Мицевски од Вардар сигурно ќе биде повикан, а во наредните неколку часа ќе биде објавено кој дополнително ќе биде повикан. Од средниот ред на располагање Ангеловски ги има Тихомир Костадинов и Енур Тотре кој денес не беше пријавен од технички причини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Динамо Загреб доби казна од УЕФА!

Европската фудбалска организација (УЕФА) ја објави казната за загребски Динамо поради инци…