Дома Топ вести Крос: Доста е со лажење, сите одат во Саудиска Арабија поради пари!

Крос: Доста е со лажење, сите одат во Саудиска Арабија поради пари!

Саудиска Арабија со астрономските понуди и големите милиони брзо напредуваше во светот на спортот.

Во првенството пристигнаа голем број звучни имиња, а на оваа тема искрено зборуваше фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тони Крус е еден од малкумината кој јавно зборуваат дека сите во Саудиска Арабија одат само поради пари.

„Зборуваат за амбициозни проекти и слично, но не треба да се лажеме, доста е – сите одат таму поради пари. Од ваквата ситуација губи фудбалот кој сите го знаеме и сакаме“, изјви Крос.

Објасни и кога според него би било во ред и „нормално“ еден играч да се пресели во Саудиска Арабија.

„Кристијано Роналдо е друга ситуација, одлучи да се пресели во Саудиска Арабија кон крајот на кариерата. За фудбалерите кои се на почетокот или средината од кариерата и имаат квалитет да бидат дел од најсилните лиги е навистина жално што се одлучуваат на ваков потег“, смета Крос.

Крос претходно јавно го критикуваше и Габри Виега кој ја напушти Селта и се пресели во Ал Ахли иако имаше понуди од Реал Мадрид и Наполи. (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…