Дома Фудбал Тебас удри по Реал Мадрид: „Не можам да разберам како велат дека натпреварувањето е наместено“

Тебас удри по Реал Мадрид: „Не можам да разберам како велат дека натпреварувањето е наместено“

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, остро реагираше на критиките кои доаѓаат од Реал Мадрид и неговата околина, особено во однос на судењето и регуларноста на натпреварувањето.

„Кога работите не одат добро во клубот, сè што се движи е критикувано, а тоа е срамно. Тоа е недостаток на почит кон сите – Ла Лига, клубовите и навивачите“, изјави Тебас.

Тебас посебно реагираше на тврдењата дека натпреварувањето е „наместено“, како и на ситуацијата со Џуд Белингем.

„Не можам да разберам како можат да велат дека натпреварувањето е наместено. Некои луѓе очигледно гледаат на инцидентот со Белингем низ поинакви очила. Нема шанси тоа да биде црвен картон“, порача претседателот на Ла Лига.

Тој се осврна и на инцидентот со Ли Канг-ин, за кој смета дека можело да биде досуден црвен картон, но дека ситуацијата не била толку очигледна како што се претставува.

„Што се однесува до инцидентот со Канг-ин, можеше да биде црвен картон, но не беше толку очигледно како што некои го претставуваат“, додаде Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го облече по пораз од Спид, па го запали: Деле Али не го поштеди дресот на Арсенал

Поранешниот ас на Тотенхем загуби во видеоигра и мораше да го облече дресот на големиот ри…