Јувентус вчера во Торино го победи Лацио со 2:0 во едно од дербита на второто коло во италијанската Серија А.
Старата дама ја потврди улогата на фаворит и успеа да дојде до втората победа во новата сезона. Пред домашните навивачи дебитираше и Кристијано Роналдо кој беше во центарот на вниманието. Сепак, Португалецот не успеа да ја затресе мрежата на противникот иако имаше неколку добри прилики.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Желбата на Роналдо за деби гол во новиот клуб е неверојатна што го покажа и вчера. Иако го промени клубот ова лето навиките на Роналдо и понатаму се исти и за него едноставно нема одмор. Играчите на Старата дама добија одмор, но Роналдо и денеска одработи лесен тренинг.