Напаѓачот на Македонија, Бојан Миовски зад себе има одлична полусезона во унгарското првенство, па така го привлече вниманието на неколку клубови.
Според последните информации, Аталанта, Фрајбург и Спарта Прага се заинтересирани за Миовски. Унгарските медиуми пренесуваат дека во МТК веќе одбиле понуда од еден милион евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во овој момент не е откриено за кој клуб станува збор. Наводно, МТК е спремен да го продаде Миовски за два милиони евра. Сезонава во МТК Миовски одигра 17 натпревари и постигна девет гола.
Инаку, од вчера член на МТК е и Стефан Спировски кој се врати во унгарскиот фудбал.