Дома Фудбал Англија Гвардиола: Имам потреба од луѓе кои ме мразат!

Гвардиола: Имам потреба од луѓе кои ме мразат!

Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери во светот на фудбалот, но има и многу луѓе кои го критикуваат.

Во големо интервју за „Гол“, меѓу другото каталонскиот стратег се осврна на критиките кои ги добива и „непријателите“ кои ги има.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Потребни ми се луѓе кои ме мразат, бидејќи фудбалот е постојано докажување. Овој спорт генерира непријатели и во тие моменти си викате во ред и ќе се обидете да победите. Истото е и кај играчите“, истакна Гвардиола.

Некои како неуспех му го препишуваат неговиот период во Баерн Минхен со кој не успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

„Ми велат дека во Баерн Минхен не успеав да ја освојам Лигата на шампионите, не успеав, но вредеше, тие не ги знаат сите позитивни работи кои јас ги стекнав“.

„Тоа што ми се допадна највеќе е што докажав дека луѓето кои велеа дека не можеме да го играме истиот начин на фудбал во Германија и Премиерлигата погрешија“, заклучи Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…