Столе Димитриевски ќе биде новиот голман на Валенсија и за ова се чека само официјална потврда, а трансферот на македонскиот голман го коментираше Де ла Торе, тренер кој беше дел од стручниот штаб на Рајо.
Во моментов Де ла Торе работи во Бормут како кондициски тренер, а за трансферот смета дека и Валенсија и Димитриевски добиваат многу.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Имав среќа да се запознаам со Димитриевски. Тој е еден вреден голман кој работи на високо професионално ниво. Зад себе има повеќе од 190 натпревари, стана голман со најмногу натпревари во историјата на Рајо и тоа е нешто за почит.
Во тим како Рајо воопшто не е лесно да имате 13 чисти мрежи во една сезона. Кога е на голот ви дава сигурност и самодоверба, одличен е во воздух, но и на нсиски топки. Добро знае кога треба да излезе и ја чита играта. Очекувам брзо да се адаптира бидејќи веќе има големо искуство во Шпанија. Знам дека е поинаку да си во Валенсија, но убеден сум дека може да го издржи притисокот“, изјави Де ла Торе.