Во англиската Премиер лига има неколку фудбалери кои сигурно би можеле да се занимаваат и со атлетика.
Според истражувањето во Англија откриено е дека најбрзиот фудбалер во лигата е Лерој Сане. Ѕвездата на Манчестер Сити има брзина од 35.58 km/h.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Веднаш зад него се наоѓа играчот на Кристал Палас, Ван Анхолт (35.42 km/h).
На третото место се наоѓа Муса Сисоко со брзина од 35.33 km/h. Интересно е што дефанзивецот на Челзи Антонио Рудигер се наоѓа на четвртата позиција со 35.19 km/h, па потоа Вилверд Заха со 35.14 km/h.
Во топ 10 најбрзи фудбалери во Премиер лигата се наоѓаат уште Оливер Брук (ВБА – 35.13 km/h), Кико Фемени (Вотфорд, 35.12 km/h), Лоран Кошчиелни (Арсенал, 35.11km/h) и Џејми Варди (35.09 km/h).
Многумина сигурно ќе ја сметаат оваа листа нерелевантна бидејќи недостасуваат имиња како Тео Волкот, Рахим Стерлинг, Вилијан, Хектор Белерин…