Дома Фудбал „Барселона пати поради Меси, колку што е добар на теренот, толку е лош надвор од него“

„Барселона пати поради Меси, колку што е добар на теренот, толку е лош надвор од него“

Oткако Антоан Гризман потпиша за Барселона неговиот однос со Лионел Меси е една од главните теми во каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Уште додека се преговараше многу се пишува за тоа дека Меси не е за тоа Барселона да го доведе Гризман. Работите малку се поправија ви последните месеци, но тешко дека нивното партнерство никогаш нема да биде на нивото на кое посакуваат во Барселона.

Поранешниот агент на Гризман, Ерик Олхатс смета дека Французинот ќе се мачи во клубот се додека Меси е тука.

„Антоан дојде во клубот и веднаш влезе во проблеми бидејќи клубот функционира така да Меси има свој став за се. Тој во исто време е и цар и монарх, а на доаѓањето на Антоан не гледаше благонаклоно. Беше дрзок, тоа се почувствува. Секогаш слушав за тоа како Антоан зборува дека нема проблем со Меси, но никогаш не сум го слушнал тоа од другата страна“.

„Во моите очи Меси кажа дека заминува само да види уште колкава моќ има во клубот. Класичен Меси! Колку и да е добар на теренот, толку е лош надвор од него. Барселона веќе некое време пати поради него“, изјави Олтхас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа најде клуб во Премиер лигата

Лошо заврши епизодата на Алваро Арбелоа во Реал Мадрид. Како ПАМЕТНО да типувате на World …