Дома Фудбал Италија Челси остана без засилување, Ругани верен на Старата дама

Челси остана без засилување, Ругани верен на Старата дама

Како што пренесуваат медиумите во Италија, дефанзивецот Даниеле Ругани наскоро ќе потпише нов договор со Јувентус.

Италијанецот уште минатото лето беше желба на Челси, кој нудеше 40 милиони евра за овој дефанзивец, но до договор меѓу двата клуба не дојде.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ругани остана во Торино, не играше многу, но поради проблеми со повредени играчи доби шанса и стана стандарден првотимец.

„Среќни сме што ќе соработуваме со Ругани на подолг временски период.“ – изјавија вчера од таборот на Јувентус.

Наскоро се очекува и официјална потврда од страна на италијанскиот првак, а медиумите пренесуваат дека ќе потпише договор до 2023. година и ќе заработува дупло повеќе пари од моменталниот договор, поточно ќе има три милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…