Дома Фудбал Во Реал нема мир: Винисиус бил шпиун на Арбелоа?!

Во Реал нема мир: Винисиус бил шпиун на Арбелоа?!

Ситуацијата во соблекувалната на Реал Мадрид никогаш не била полоша од моменталната состојба, а кулминација беше достигната со тепачка помеѓу капитенот Федерико Валверде и Орлиен Чуамени.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Mundo Deportivo денеска откри нови детали за разединетоста во соблекувалната на Реал, објавувајќи дека играчите откриле кој е “шпионот” што го изневерува тимот.

Играчите на Реал се сомневаат дека Винисиус Жуниор е личноста која пренесувала информации на тренерот Алваро Арбелоа, со кого има многу тесна врска.

Фудбалерите сметаат дека Винисиус бил тој што му соопштувал на Арбелоа сè што се случува во соблекувалната и го информирал за помалите конфликти кои настанувале. Пренесувал сè што се случувало зад “затворени врати”, откако тренерот би ја напуштил соблекувалната.

„Мундо Депортиво“ пишува дека ова е заклучено врз основа на неговото однесување кон соиграчите и неговиот статус кај Арбелоа, бидејќи Бразилецот ужива недопрен статус во тимот на Арбелоа.

Оваа ситуација е драстично различна од времето под поранешниот тренер Чаби Алонсо. Од кога Арбелоа е на клупата, Винисиус пропуштил само еден натпревар, и тоа против Валенсија, поради собрани жолти картони.

Сето ова ја зголемува фрустрацијата со Винисиус во Мадрид. Сега се поставува прашањето кој тренер ќе го наследи Арбелоа следната сезона и како ќе се справи со влијанието кое го има Винисиус. Особено затоа што тој уште не го обновил договорот кој истекува на 30 јуни 2027 година. Ако не пристапат кон продолжување, крилото би можел од 1 јануари следната година да преговара со било кој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо: ФИФА дополнително ги зголеми цените на билетите, сега се продаваат и по 33.000 долари!

ФИФА ја зголеми цената на најскапите билети за финалниот натпревар на Светското првенство …