Дома Фудбал Скандал: Фудбалер од Премиер лигата пишувал недолични пораки на 15-годишно девојче, клубот го исфрли од тимот!

Скандал: Фудбалер од Премиер лигата пишувал недолични пораки на 15-годишно девојче, клубот го исфрли од тимот!

Шпанскиот дефанзивец Алекс Хименез (21) се наоѓа во фокусот на сериозен скандал. Младиот играч кој својата кариера ја започнал во развојниот тим на Реал Мадрид, а потоа играл и за Милан, наводно контактирал со малолетничка.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


На социјалните мрежи се појавија „скриншотови“ од пораки во кои се гледа дека дефанзивецот на Борнмут размениувал пораки со девојка која јасно ставила до знаење дека е под 18 години.

Иако Хименез официјално не е обвинет за никакво дело, Премиерлигашот издаде соопштение во кое потврди дека 177 см високиот десен бек нема да биде дел од составот за натпреварот против Фулам, закажан за сабота во 16 часот.

„Борнмут е свесен за објавите кои кружат на социјалните мрежи и кои се однесуваат на нашиот десен бек Алекс Хименез. Клубот ја разбира сериозноста на ситуацијата која е под истрага“, објави Борнмут, но одби да коментира повеќе за случувањата.

Ако се покаже дека сè е вистина и тоа се потврди на суд, за Хименез најмалиот проблем ќе биде продолжување на кариерата. Меѓу другото, бидејќи една од неговите пораки гласела „никогаш не сум бил со 15-годишна девојка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чуамени испрати порака по тепачката со Валверде: Ова е неприфатливо, но…

Во Реал Мадрид избувна голема внатрешна тензија по наводниот инцидент на тренинг, во кој, …