Дома Фудбал Реал Мадрид ги казни Валверде и Чуамени со највисоката казна во историјата на клубот!

Реал Мадрид ги казни Валверде и Чуамени со највисоката казна во историјата на клубот!

Реал Мадрид денеска донесе одлука за да се реши инцидентот во кој беа вклучени првотимците Федерико Валверде и Аурелјан Чуамени.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кралскиот клуб им изрече казна од по 500.000 евра за двајцата играчи, што е невидено не само во поновата историја на клубот, туку и во спортот генерално.

Оваа изречена казна ја одразува сериозноста со која управата го разгледала инцидентот.

И двајцата фудбалери се појавија пред дисциплинската комисија, ја признаа својата грешка, изразија жалење и се извинија еден на друг, на клубот, на соиграчите, на стручниот штаб и на навивачите.

Иако финансиската казна е остар сигнал, Реал Мадрид избра да не применува спортски санкции. Ниту Валверде (кој поради повреди здобиени во тепачката ќе отсутно игра од 10 до 14 дена) ниту Чуамени нема да бидат тргнати од тимот или да пропуштат натпревари.

Тоа значи дека двата играчи ќе бидат на располагање на Арбелоа за претстојното Ел Класико и завршницата на сезоната. Со оваа одлука клубот има цел да го реди инцидентот интерно со соодветна парична казна, избегнувајќи аферата да има спортски последици за тимот во критично време на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бројката станува само поголема: 46 милиони навивачи бараат заминување на Мбапе!

Ова е една од најследените петиции на интернет историјата, а сосема е јасно дека освен при…