Дома Фудбал Готово е: Перез ја донесе конечната одлука за новиот тренер на Реал Мадрид

Готово е: Перез ја донесе конечната одлука за новиот тренер на Реал Мадрид

Додека се подготвува проектот за следната сезона уште од испаѓањето во Европа од Бајерн Минхен, одредени работи малку се забавуваат.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Првата клучна одлука која мораше да ја донесе Флорентино Перез беше именувањето на новиот тренер.

На сите им е јасно дека Алваро Арбелоа не ги исполни ниту целите на раководството на Реал Мадрид, ниту очекувањата на навивачите на овој клуб.

Резултатите јасно укажуваат дека Арбелоа мора да си оди, посебно по конфликтите кои ги имаше со одредени играчи.

Така Перез почна потрага по нов тренер на Реал Мадрид, а сите овие недели се чекаше конечната одлука.

Сите во клубот веруваат дека таа ќе биде донесена многу брзо, особено затоа што Флорентино Перез ја презеде ситуацијата во свои раце.

А, новинарите на шпанската Марка тврдат дека Перез веќе донел одлука и дека е јасно кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид.

Се работи за „Специјалниот“. Секако, неговото име е Жозе Мурињо кој има големо лично пријателство со Перез уште од неговиот претходен престој на Бернабеу.

Претседателот на Реал Мадрид никогаш не го криел своето восхитување кон Португалецот и смета дека тој е човекот кој мора да го води Реал Мадрид во новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чуамени испрати порака по тепачката со Валверде: Ова е неприфатливо, но…

Во Реал Мадрид избувна голема внатрешна тензија по наводниот инцидент на тренинг, во кој, …