Дома Фудбал Валверде и Чуамени ги чекаат брутални казни, можат да бидат и избркани од клубот!

Валверде и Чуамени ги чекаат брутални казни, можат да бидат и избркани од клубот!

Реал Мадрид иницираше вонредна дисциплинска постапка против Федерико Валверде и Орлиен Чуамени, откако се случи инцидент кој ја потресе соблекувалната на Кралскиот клуб. Овој случај повеќе не се третира како обичен конфликт меѓу соиграчи, туку како случај што може да заврши со доста строги казни за обајцата фудбалери.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако Федерико Валверде подоцна во изјава тврдеше дека конфликтот не бил толку сериозен како што се пишуваше, Реал Мадрид очигледно оцени дека ситуацијата е доволно сериозна за да активира специјална процедура. Веќе самото одлучување на клубот за започнување вонредна дисциплинска постапка покажува колку целата ситуација се смета за тежок и чувствителен.

Реал активираше вонредна процедура

Поради настанот, Реал Мадрид ангажираше специјална личност која ќе го води случајот и ќе ги утврди сите околности за инцидентот. Во оваа постапка, играчите ќе добијат официјално обвинение и можност да ги изнесат своите одбрани, но веќе сега е јасно дека последиците би можеле да бидат сериозни.

Ако инцидентот биде категоризиран како сериозен прекршок, казната би можела да биде од три до десет натпревари суспензија. Ако, пак, се прогласи за многу сериозен прекршок, и Федерико Валверде и Чуамени се соочуваат со забрана на играње од 11 до 20 натпревари. Покрај тоа, најверојатно ги очекува и дополнителна парична казна и намалување на дел од платата.

Во најтешкиот случај, се споменува дури и можност за раскинување на договорите, иако таквиот исход во овој момент се чини како најинтремистичка опција.

Жестока пресметка ја потресе соблекувалната на Реал

Според пишувањата од Шпанија, сè започнало од расправија и напнатост на тренингот, а потоа ситуацијата ескалирала во физички конфликт.

Пишуваше дека по нападот на Чуамени, Валверде при падот удрил со главата, добил исекотина и изгубил свест. Поради трауматска повреда на главата заврши во болница, а клубот објави дека ќе биде во мирување од 10 до 14 дена.

Овој развој на настаните дополнително ја зголеми тежината на целиот случај и овозможи ситуацијата да не се сведе на обично ‘туркање’ меѓу соиграчи. Токму затоа во Мадрид сега очекуваат ригорозен крај.

Реал не покажува слабост

Итниот состанок на раководството на клубот беше одржан веднаш по инцидентот, а според наводите, на него присуствувале претседателот Флорентино Перез, членови на управата, тренерот Алваро Арбелоа и капитенот Дани Карвахал. Веќе тогаш беше јасно дека клубот не сака да остави впечаток на слабост ниту да дозволи овој случај да помине без остра реакција.

И покрај тоа што Федерико Валверде и Чуамени се важни играчи и големи имиња на тимот, сè укажува дека ги чека многу сериозна казна. Во моментов, не е повеќе прашање дали ќе бидат санкционирани, туку колку ќе биде таа санкција тешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Суарез сака да се врати во репрезентацијата на Уругвај

Повеќе од еден месец пред почетокот на Светското првенство, најдобриот стрелец во историја…