Дома Фудбал Левандовски е јасен: Си кажал што сака за да потпише за Јувентус или Милан!

Левандовски е јасен: Си кажал што сака за да потпише за Јувентус или Милан!

Италијанските медиуми објавија дека полскиот напаѓач и играч на Барселона Роберт Левандовски бара плата од осум милиони евра годишно од Јувентус или Милан, клубови кои се заинтересирани за неговите услуги.
Според извештаите на Corriere dello Sport, агентот на Левандовски, Пини Захави, се сретнал во Италија со претставници на Јувентус и Милан во изминатите недели, при што, покрај Полјакот, го понудил и другиот свој клиент, дефанзивецот на Реал Давид Алаба.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Инаку, договорот на Левандовски со Барселона истекува во јуни, а сè уште не е познато дали ќе биде продолжен.

Истите извори велат дека Јуве е подготвен да понуди плата од седум милиони, исто колку што ќе заработува и Кенан Јилдиз.

Да потсетиме, Јуве сериозно е заинтересиран и за доведување на крилниот напаѓач на Сити, Бернардо Силва, кој ја напушта Англија во јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лина испиша историја, ќе игра на Вимблдон!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја потврди одличната форма во која игра во п…