
Ракометната федерација на Македонија официјално ја стартуваше продажбата на билетите за бараж натпреварот против Словачка за пласман на Светското првенство 2027.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Навивачите веќе можат да обезбедат влезници преку продажната мрежа на МкТикетс, а цените се 400 и 500 денари.
Македонската репрезентација реваншот на домашен терен ќе го одигра на 17 мај од 19:00 часот во арената Борис Трајковски, додека првиот натпревар е закажан три дена претходно во Словачка.
Во текот на денешниот ден, селекторот Кирил Лазаров го соопшти и списокот на ракометари на кои ќе смета за двомечот со Словачка.