Дома Фудбал Меси ги посочи главните конкуренти за Аргентина на Светското првенство

Меси ги посочи главните конкуренти за Аргентина на Светското првенство

Лионел Меси ги брои деновите до почетокот на новото Светско првенство, каде што со репрезентацијата на Аргентина ќе го брани светскиот трофеј освоен во Катар. Тој јасно нагласи дека Аргентинците нема да бидат сами во борбата за титулата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од најголемите фудбалери на сите времиња сподели кои репрезентации ги смета за најсериозни конкуренти на Аргентина за Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Истакна дека Франција е меѓу најсилните противници.

Треба да имаме на ум дека покрај нас, постојат и други фаворити кои доаѓаат на натпреварувањето во одлична форма. Франција е повторно многу силна и има многу играчи на врвно ниво, рече Лионел Меси.

Аргентинецот наброја и неколку други селекции за кои верува дека имаат квалитет за да стигнат до самиот крај на турнирот, меѓу кои и најголемиот јужноамерикански ривал.

Тука се и Шпанија и Бразил. Иако Бразил некое време не ја покажа својата најдобра игра, тие секогаш се кандидати за освојување на титулата. Сметам дека и Португалија има многу конкурентен тим, заврши Меси.

За потсетување, Аргентина ќе игра во групата Ј заедно со Австрија, Алжир и Јордан, а првиот меч ќе го одигра на 17 јуни против Алжир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милметарска трагедија на СП: Иран беше на прагот на успех

Египет и Иран одиграа нерешено 1:1 во третото коло на Светското првенство, со што конечно …