
Јувентус, Интер и Сампдорија одбиле своевремено да го ангажираат Диего Марадона пред да се пресели во Наполи, откри Пјерпаоло Марино, човекот кој помогна да се донесе Аргентинецот во Италија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во тоа време, Марино го водеше Авелино како најмладиот менаџер во Серија А. За да го прослави престојот на Авелино во елитната класа на италијанскиот фудбал, тој договори пријателски натпревар со Барселона, за чиј тим Марадона играше во тоа време.
„Агентот на ФИФА, Рикардо Фуига, со кого тогаш работев на договор, ми предложи да се обидам да најдам некој на италијанскиот пазар за да го откупи Марадона. Единствените клубови кои можеа да му платат во тоа време беа Јувентус, Сампдорија и Интер. Ги повикав сите и сите ме одбија”, откри Марино.
„Фуига беше зачуден, рече како е возможно да го нудиме на Марадона, а не можеме да принајдеме клуб?“, додаде Марино кој потоа го понудил Марадона на Наполи, а останатото е историја.