Дома Фудбал Барселона го провоцира Реал Мадрид пред Ел Класико: Кај вас драма, а кај нас…

Барселона го провоцира Реал Мадрид пред Ел Класико: Кај вас драма, а кај нас…

Додека во Реал Мадрид последниве денови се зборува за конфликти, напнатости и проблеми во соблекувалната, Барселона пред Ел Класико реши да покаже сосема различна атмосфера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонскиот клуб на социјалните мрежи објави фотографија на насмеани играчи со кратка порака: „Семејна прослава“. Многу шпански медиуми веднаш го протолкуваа тоа како суптилна провокација кон најголемиот ривал.

Сето ова доаѓа само неколку дена пред големото Ел Класико кое се игра во недела во 21 часот, а ситуациите во двата табора тешко може да бидат поразлични.

Во Мадрид последниве денови се зборува за големи проблеми во тимот, а дополнителен немир предизвикаа информациите за конфликтот на Феде Валверде и Орелиен Чуамени по кој Уругваецот заврши во болница. Валверде подоцна ги демантираше тврдењата за тепачка и објасни дека се повредил по незгоден удар о стол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо: Навивач понуди 250.000 долари за билет за Мундијалот (Фото)

Канадски фан предизвика сензација со својата понуда пред Светското првенство. Како ПАМЕТНО…