Дома Фудбал Останато Чави за Барселона: Прво да научам да одам, па потоа ќе трчам

Чави за Барселона: Прво да научам да одам, па потоа ќе трчам

Легендарниот Чави Ернандез е влезен во залезот на својата блескава кариера и оваа сезона е последна во неговата кариера.

Еден од најдобрите играчи за врска во историјата на фудбалот за медиумите зборуваше за можноста да се врати во Барселона како тренер, но како што порача не сака премногу да брза со такво нешто.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Мојата идеја е да започнам тренерска кариера во Катар каде што имате многу помал притисок. Тука би стекнал големо тренерско искуство, а потоа може да зборуваме за враќање во Европа, се надевам на крајот во Барселона. Нетрпелив сум и сакам да започнам со тренерската работа, но не сум спремен да водам клуб на највисоко ниво. Морам прво да научам да одам, па потоа да трчам“.

„Имам многу идеи за тоа каков концепт на игра би практикувал. Фудбалот може да се игра на неколку начини, но сум и ќе останам фан на пристапот на Брселона. Начинот на кој ја држат топката е стилот на игра со кој растев и кој планирам да го форсирам како тренер“, најави Чави, а потоа зборуваше за неговата играчка кариера.

„Никогаш како дете не сонував дека ќе бидам толку успешен во Барселона и Шпанија. Кога заминав од Барселона тоа го направив на најдобар можен начин со титула во купот и Лигата на шампионите. Сега е време да завршам со играњето фудбал. Долго играв фудбал, имав голема кариера и сега доаѓа време кога треба да се фокусирам на некои нови работи“, потенцираше легендарниот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лапорта избрал тројца фаворити за наследник на Чави

До крајот на сезоната Барселона ја очекуваат важни натпревари како во Примера, така и во Л…